Ван Хоол со цврста одбрана и брз напад до победа над Bestway Solutions

Bestway Solutions 4-7(2-5) Ван Хоол

Bestway Solutions: Андреј Ацевски 10’ Никола Игњатовски 13’ Марко Неделковски 23’ 39’
Ван Хоол: Даниел Стаменковски 3’ 4’ 27’ Ненад Саздовски 6’ 10’ Стефан Станојковиќ 12’ 28’

Одличен почеток на екипата на Ван Хоол во дуелот со Bestway Solutions, екипата на Ван Хоол од самиот почеток на овој дуел влезе со цврста одбрана и брзи напади што уште во раната фаза од полувремето им донесе солидна предност од 0-3. Екипата на Bestway Solutions успеа со два погодоци да ја врати резултатската неизвесност но Ван Хоол одлично ја контролираше играта па на полувремето замина со шредност од 2-5. Во второто полувреме екипата на Ван Хоол продолжи со одлична игра во високо темпо, екипата на Bestway Solutions иако имаше одлични шанси екипата на Ван Хоол одлично ги затвори пристапите до својот гол. До крајот на натпреварот екипата на Ван Хоол успеа да ја одржи разликата од првото полувреме и да слави на овој натпревар со резултат од 4-7.