Вип со сигурна игра до победа над Мепсо

Вип 3-1(1-0) Мепсо

Вип: Никола Спасевски 7′ Иле Никодиновски 22′ Мартин Ангеловски 24′
Мепсо: 24′

Динамично прво полувреме одиграа екипите на Вип и Мепсо, двете екипи уште на самиот старт започнаа со отворена игра со што се створиа многу прилики за гол. Екипата на Вип во 7та минута преку Спасевски успеа да го отвори резултатот за водство од 1-0. По овој погодок екипата на Вип го успори темпото на игра и ги затвори приодите кон својот гол. Екипата на Мепсо со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување особено со удари од далечина но Вип успеа да одолее на овој притисок и да го добие првото полувреме со 1-0. Во второто полувреме се продолжи со високо темпо на игра, екипата на Вип на стартот постигна погодок за водство од 2-0, но екипата на Мепсо направи неколку измени во играчкиот кадар и во 24та минута постигна погодок за резултатски приклучок во натпреварот. Вип веднаш одоговори и го зголеми водството на 3-1 резултат кој успеа да го сочува до крајот на натпреварот.