Во градежното дерби Гранит поуспешни од Фабрика Карпош – ГИМ

 

Фабрика Карпош – ГИМ 3-8(2-3) Гранит

 

Фабрика Карпош – ГИМ: Славчо Мирчевски 18’ 40’ Љупчо Петрушевски 8’

Гранит: Стефан Тевдовски 17’ Дарко Стојановски 32’ Сашо Каровски – Џуме 29’ Николче Глигуровски 27’ Пепи Мицев 5’ 8’ 38’ Ристе Бошев 9’

 

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Фабрика Карпош – ГИМ и Гранит, на стартот екипата на Гранит имаше повеќе од играта што резултираше со водство од 2-0 веќе во 8та минута со двата погодоци на Мицев. Екипата на Фабрика Карпош – ГИМ истата минута успеа да постигне погодок со што успеа да фати резултатски приклучок, ова намалување на водствто им даде дополнителен мотив па се префрлија во противничко поле вршејќи силен притисок кон голот на Гранит. Екипата на Гранит одолеваше на притисокот на Фабрика Карпош – ГИМ, а преку контра напади успеваше да ги казнува за водство на полувремето од 2-3. Во второто полувреме екипата на Гранит продолжи со одлична игра недавајќи и простор на екипата на Фабрика Карпош да наметне свој ритам, од минута во минута Гранит го зголемуваше водството кое на крајот изнесуваше 3-8.