Во дербито на колото Макпетрол подобри од ЈСП

Макпетрол 12-9(7-5) ЈСП

Макпетрол: Мишо Ѓоргиевски 1’ 16’ 17’ 22’ 22’ Бенер Бекиовски 34’ Ибраим Исмаили 18’ Никола Секуловски 32’ Ариан Бела 3’ Синиша Танушевски 14’ Марио Митровиќ 14’ 39’
ЈСП: Дејан Блажевски 17’ Велко Серафимовски 40’ Љупчо Павловиќ 9’ Филип Колеќески 10’ 20’ 27’ 39’ Филип Димовски 7’ 33’

Фуриозен старт за екипата на Макпетрол во дуелот со ЈСП, екипата на Макпетрол уште во првата минута по грешка на противникот успеа да дојде до предност од 1-0. По ова рано водство екипата на Макпетрол продолжи со притисок кон голот на ЈСП и со погодокот на Бела во 3та минута од полувремето дојде зголемување на водството. По овие почетни минути кои беа во боите на Макпетрол екипата на ЈСП успеа да ги консолидира своите редови и со 3 одлични погодоци на Димовски, Павловиќ и Колеќески успеаа да дојдат до целосен резултатски пресврт. Сепак до крајот на полувремето екипата на Макпетрол успеа да направи повторно предност и на паузата да замине со предност од 7-5. Во второто полувреме двете екипи продолжија со цврста игра во високо темпо на игра. Екипата на ЈСП во неколку наврати дојде до изгледни шанси за повторно враќање на резултатската неизвесност но екипата на Макпетрол ја користеше отворена игра на ЈСП за да ја одржува својата разлика. До крајот на натпреварот екипата на Макпетрол одлично ја постави играта во одбраната и не дозволи изненадување па славеше со 12-9.