Во дерби натпревар Матрикс и Рамстор ги поделија бодовите

Матрикс 2-2(1-1) Рамстор

Матрикс: Мирко Богевски 39’ Антонио Богдановски 3’
Рамстор: Бурхан Сали 22’ Ибрахим Бекир 7’

Екипте на Матрикс и Рамстор ни приредија вистински дерби натпревар кој беше исполнет со атрактивни потези и доста брза и динамична игра. Во текот на целото прво полувреме се играше изедначено и на двете страни, екипите играа брзо со многу проигрувања од кои доаѓаа до отворени шанси за шут кон противничкиот гол. Се играше доста офанзивно со многу шутеви кон головите иако имаше мал број на погодоци, на полувремето се замина со изедначен резултат од 1-1. Во второто полувреме екипата на Рамстор преку асистенција на Мурселов до Сали успеа да дојде до водство од 1-2, водство кое го одржуваше во текот на целото полувреме. По груб старт екипата на Рамстор остана со играч помалку, но Матрикс не успеа да го искористи вишокот во нападот. Во самиот финиш од натпреварот екипата на Рамстор направи грешка во одбраната, што Матрикс вешто ја искористи за израмнување на конечни 2-2.