Во дерби натпревар УНИКА славеше за влез во Ф4

УНИКА 6-5(3-3) Фабрика Карпош – ГИМ
УНИКА: Арбен Нухиу 2” 22”, Шабан Чупи 12” 27”, Љуљзим Каштањева 9”
Фабрика Карпош – ГИМ: Филип Илиевски 6” 8” 35”, Георги Божиков 19”, Александар Валканов 28”, Донард Бајрами 40”

Ефикасно прво полувреме одиграа екипите на УНИКА и Фабрика Карпош – ГИМ, уште на самиот старт на полувремето, се наметна високот темпо на игра, а кај двете екипи доминантна беше играта во предно поле. Екипата на УНИКА преку Нухиу 2” го отвори резултатот и поведе со 1-0. Ова ја примора екипата на Фабрика Карпош – ГИМ да го подигне темпото на игра што резултираше со два одлични последувателни погодоци во реализација на Илиевски 6” и 8” за целосен резултатски пресврт во полза на Фабрика Карпош – ГИМ. Екипата на УНИКА искористи грешка во додавањето на одбраната на Фабрика Карпош – ГИМ, и во реализација на Чупи постигна погодок за предност од 3-2, но до полувремето Фабрика Карпош – ГИМ успеа да израмни на 3-3.
Во второто полувреме се продолжи со цврста игра на двете страни. Екипите се менуваа во водството и до самата завршница резултатот беше изедначен. Во самиот финиш екипата на Фабрика Карпош – ГИМ остана со играч помалце, тоа го искористи екипата на УНИКА и со гол во последните 7 секунди во реализација на Бајрами стигна до победа од 6-5.