Во дерби натпревар Фабрика Карпош – ГИМ и ЈСП ги поделија бодовите

Фабрика Карпош – ГИМ 2-2 (0-0) ЈСП

Фабрика Карпош – ГИМ: Кире Крстевски 22’ Александар Божиков 37’

ЈСП: Дејан Блажевски 26’ Филип Димовски 34’

Првото полувреме екипите на Фабрика Карпош – ГИМ и ЈСП го започнаа со офанзивен фудбал. И на двете страни се играше долг и контролиран напад кој им дозволуваше и на двете екипи да дојдат до отворен шут кон голот. Голманите и на двата тиме беа на нивото на задачата. Можеме да кажеме дека и двајцата имаа своја вечер и го одбележаа целото прво полувреме. Вака расположените чувари на голот не дозволија да падне гол и на двете страни, па на полувремето се отиде без примен гол 0-0.

Второто полувреме се продолжи во ист ритам. И двете екипи играа дерби натпревар полн со возбуда, буквално до последниот звук на сирената.

Крстевски кај Фабрика Карпош – ГИМ 22’ му донесе предност на својот тим од 1-0. Блажевски кај ЈСП во 26’ израмни на 1-1. Во втората половина од второто полувреме Димовски кај ЈСП постигна гол 34’ со кој дојде до предност од 2-1, но Фабрика Карпош – ГИМ во самиот финиш преку Божиков 37’израмни на 2-2, резултат со кој заврши овој натпревар.