Во дерби натпревар Халк Банка славеше над Матрикс

Матрикс 2-3(1-1) Халк Банка

Матрикс: Тони Брњанчевски 5’ Иван Георгиев 31’
Халк Банка: Самир Вели 33’ Дејан Петковски 2’ 35’

Израмнето и цврсто прво полувреме прикажаа екипите на Матрикс и Халк Банка, двете екипи влегоа во овој натпревар силно мотивирани. Екипата на Халк Банка имаше одличен почеток и во 2та минута успеа да дојде до водство со погодокот на Петковски, екипата на Матрикс брзо возврати со погодок за Брњанчевски за 1-1. Во остатокот од полувремето екипите ја смирија играта и со изградени шанси се обидуваа да го изненадат противникот но до полувремето мрежите мируваа. Во второто полувреме се продолжи со цврста и израмнета игра екипата на Матрикс во 31та минута од полувремето успеа да дојде до предност од 2-1 со погодокот на Георгиев. Сепак екипата на Халк Банка преку Вели успеа да дојде до повторно израмнување во 33та минута и тоа ја направи завршницата на овој дуел вистинска драма. Во ваквата завршница екипата на Халк Банка успеа со вториот погодок на Петковски успеа да направи целосен пресврт и да слави на крајот од овој натпревар со резултат од 2-3.