Во дерби натпревар Џонсон Мети и ЕЛЕМ ги поделија бодовите

Џонсон Мети 6-6(1-3) ЕЛЕМ

Џонсон Мети: Љупчо Стојановски 10’ Христијан Стојановски 40’ Стефан Јовановски 24’ Бране Стојановски 22’ 38’ Слободан Чичевски 27’
ЕЛЕМ: Влатко Петровски 1’ 6’ 11’ 36’ Тихо Груевски 23’ Пеце Соклески 40’

Одличен старт за екипата на ЕЛЕМ во дуелот со Џонсон Мети, тие уште на самиот старт поточно во првата минута преку погодокот на Петровски го отворија резултатот и поведоа со 0-1. По ова рано водство на ЕЛЕМ екипата на Џонсон Мети се префрли на протвничката половина и со офанзина игра се обидуваше да дојде до израмнување но со ваквата игра заборави на одбранта што ЕЛЕМ го искористи за зголемување на 0-2. Во остатокот од полувремето екипата на Џонсон Мети беше таа која вршеше константен притисок кон противничкиот гол но со одличната поставеност на одбраната на ЕЛЕМ имаше тешка задача. До крајот на полувремето на двете страни имаше по еден гол па на паузата се замина со 1-3. Во второто полувреме екипата на Џонсон Мети наметна пеколно темпо на игра и почна да ја топи разликата на ЕЛЕМ и успеа да дојде до израмнет резултат од 5-5 и да ја направи завршницата на овој натпревар вистинска драма. Во ваквата драматична завршница екипата на ЕЛЕМ успеа да искористи играч повеќе после недозволен старт на Џонсон Мети и да дојде до предност од 5-6 и кога се чинеше дека се е готово екипата на Џонсон Мети во последните секунди од натпреварот стрелаше за 6-6 и поделба на бодовите.