Во динамичен натпревар Гранит и Џојсон Сејфти Системс ги поделија бодовите

Гранит 6-6(4-3) Џојсон Сејфти Системс

Гранит: Николче Глигуровски 10’ 16’ 38’ Мартин Ристовски 4’ 6’ 28’
Џојсон Сејфти Системс: Стевче Велковски 13’ Даниел Вељановски 37’ Анастас Секуловски 8’ 39’ Вецко Вренцовски 17’ 21’

Динамично прво полувреме ни прикажаа екипите на Гранит и Џојсон Сејфти Системс, двете екипи во овој натпревар влегоа со офанзивна игра и атакуваа на противничкиот гол. Екипата на Гранит го отвори резултатот во 4та минута веќе во 6та минута успеаа да дојдат до предност од 2-0. По ова рано водство на екипата на Гранит екипата на Џојсон Сејфти Системс ги консолидира своите редови и успеа да намали на 2-1. До крајот на полувремето екипата на Џојсон Сејфти Системс се резултатски приближуваше но Гранит успеваше да одржи предност од еден погодок па на паузата заминаа со предност до 4-3. Во второто полувреме екипата на Џојсон Сејфти Системс успеа да дојде до израмнување на 4-4 во 21та минута со погодокот на Вренцоски и со притисок кон противничкиот гол се обидуваше да дојде до целосен резултатски пресврт. Екипата на Гранит во 28та минута со погодокот на Ристовски успеа да дојде до повторно водство но екипата на Џојсон Сејфти Системс успеа повторно да израмни. До крајот на натпреварот двете екипи покажаа одлична борба но ниту една од нив не успеа резултатски да се одвои па ги поделија бодовите со резултат од 6-6.