Во дожд од голови Ван Хоол подобри од Спорт Лајф

Спорт Лајф 7-15(1-10) Ван Хоол

Спорт Лајф: Валерија Ваљак 36’ Стефан Пасковски 8’ 22’ 38’ Филип Драскачев 31’ 38’ 39’ 40’
Ван Хоол: Дарко Ангеловски 15’ 25’ Стефан Станојковиќ 9’ 11’ 19’ Филип Никодиновски 5’ 39’ Иван Стојановски 17’ 32’ Андреј Богдановиќ 5’ 14’ 18’ 18’ 28’ Антонио Петровски 23’

Уште од самиот старт на овој натпревар екипата на Ван Хоол одлично ја постави својата игра против екипата на Спорт Лајф што им донесе предност уште во раната фаза од полувремето. Екипата Спорт Лајф денеска беше во скратен состав без играч во ротација, недостатокот на играч плус беше очигледен на теренот каде што екипата на Ван Хоол со сигурна игра го зголемуваше водството кое до полувремето изнесуваше 1-10. Во второто полувреме екипата на Спорт Лајф имаше една одлична серија на погодоци и успеа резултатски да се приближи со погодоците на Ваљак, Пасковски и Драскачев но предноста која ја имаше стекнато екипата на Ван Хоол беше недостижна. До крајот на натгпреварот екипата на Ван Хоол ја имаше контролата врз играта па на крајот славеше со 7-15.