Во драматична завршница Аџибадем Систина и Халк Банка ги поделија бодовите

Аџибадем Систина 6-6(1-3) Халк Банка

Аџибадем Систина: Игро Ѓорѓиевски 24’ 32’ Кристијан Димковски 30’ Диме Стевковски 7’ 38’ Дамјан Јовчевски 34’
Халк Банка: Мартин Дамевски 15’ 29’ Влатко Блажевски 22’ Тигран Кандиќан 6’ Дејан Петковски 16’ 39’

Цврсто прво полувреме ни прикажаа екипите на Аџибадем Систина и Халк Банка, двете екипи во овој натпревар влегоа со максимално сериозен пристап. Екипата на Халк Банка во 6та минута од натпреварот успеа со погодокот на Кандиќан да го отвори резултатот и да поведе со 0-1, но екипата на Аџибадем Систина имаше одговор и веќе во следната минута успеа преку Стевковски да дојде до израмнување. До крајот на полувремето екипа на Халк Банка успеа да искористи повеќе од своите шанси па на полувреме замина со предност од 1-3. Во второто полувреме се продолжи со цврст и динамичен фудбал екипата на Халк Банка успеа да го зголеми водството што ја примора екипата на Аџибадем Систина во својот состав да внесе голман играч, оваа одлука донесе резултат па до 34та минута од полувремето успеа да дојде до израмнување на 5-5 што ја направи завршницата вистинска драма. Екипата на Аџибадем Систина успеа да дојде до целосен резултатски пресврт во самиот финиш од 6-5 и кога се чинеше дека се е готово екипата на Халк Банка успеа повторно да израмни па екипите ги поделија бодовите со резултат од 6-6.