Во драматична завршница Ван Хоол и Темато ги поделија бодовите

Ван Хоол 3-3(2-2) Темато

Ван Хоол: Даниел Стаменковски 4’ Ненад Атанасов 38’ Дарко Стојановски 8’
Темато: Јане Крчаноски 15’ Ибрахим Мемети 8’ 39’

Израмнето прво полувреме ни прикажаа екипите на Ван Хоол и ТЕМАТО, двете екипи во овој натпревар влегоа со цврста и борбена игра за секоја топка. Прва до водство дојде екипата на Ван Хоол со погодокот на Стаменковски во 4та минута што ја примора екипата на ТЕМАТО да го подигне темпото на игра и да притисне кон протиничкиот гол. Вакавата отворена игра ја искористи Ван Хоол за зголемување на водството на 2-0, екипата на ТЕМАТО веќе во следниот напад успеа да врати и да ја намали разликата на 2-1. До крајот на полувремето екипата на ТЕМАТО успеа да дојде до израмнување на резултатот преку одличниот погодок на Крчаноски и на паузата да заминат со 2-2. Во второто полувреме се продолжи со игра која бараше висок ритам и одлична физичка подготвеност и двете екипи не дозволија да се стекне резултатска предност. Во самиот крај се влезе во тензична завршница во која екипата на Ван Хоол не успеа да го искористи играчот плус за да дојде до водство па на крајот натпреварот заврши со нерешен резултат од 3-3.