Во драматична завршница Лукоил ја сочува победата над Џојсон Сејфти Системс

Лукоил 8-7(2-4) Џојсон Сејфти Системс

Лукоил: Марјан Цветковски 4’ 28’ Гоце Мојсовски 22’ 23’ Лоренцо Николовски 20’ 34’ Васко Стефанов 39’ Аце Ѓоргиевски 38’
Џојсон Сејфти Системс: Марко Димовски 6’ 17’ Вецко Вренцовски 9’ 12’ 35’ 39’ 40’

Одличен старт на екипата на Лукоил во дуелот со Џојсон Сејфти Системс, тие уште во 4та минута преку одличниот погодок на Цветковски го отворија резултатот и го превземаа водството. По ова рано водство на Лукоил екипата на Џојсон Сејфти Системс го подигнаа темпото на игра и успеаа да дојдат до целосен резултатски пресврт до 9та минута. Во втората половина од полувремето екипата на Џојсон Сејфти Системс ја имаше контролата врз топката и успеа да ја сочува предноста која до полувремето изнесуваше 2-4. Во второто полувреме екипата на Лукоил од самиот старт со погодокот на Николовски а потоа и Мојсоски успеа да дојде до повторно израмнување. Екипата на Лукоил со одлична игра успеа повторно да поведе и да створи солидна предност од 3 гола. Екипата на Џојсон Сејфти Системс во финишот од натпреварот почна да ја топи разликата на Лукоил и со само еден гол негатива ја направи завршницата вистинска драма. Во ваквата драматична завршница екипата на Лукоил успеа да го сочува својот гол и да ги однесе поените со резултат од 8-7