Во драматична завршница Окта славеше над УНИКА

УНИКА 4-5(2-2) Окта

УНИКА: Љуљзим Каштањева 9’ Арбен Нухиу 28’ Беким Љута 37’ Бенјамин Граинца 8’
Окта: Тино Трајковски 7’ 31’ Драганчо Ѓорѓиевски 28’ Бојан Станковиќ 40’ Александар Јовчевски 5’

Динамично полувреме ни пикажаа екипите на УНИКА и Окта, двете екипи во овој натпреватр влегоа со силна желба за победа. Натпреварот го отвори екипата на Окта со погодокот на Станковиќ во 5та минута, а потоа преку Трајковски успеа да ја зголеми предноста на 0-2. По ова почетно водство на Окта екипата на УНИКА ги консолидира своите редови и успеа да дојде до израмнување на 2-2. Екипата на УНИКА имаше играч помалце што екипата на Окта не успеа да го искористи за повторно превземање на водството па на полувремето се змина со 2-2. Во второто полувреме се продолжи со цврста игра на двете страни, фокусот екипите го имаа ставено на играта во одбраната а шансата за погодок ја бараа преку брз контра напад. Екипата на Окта преку одличен погодок на Трајковски успеа да дојде до водство од 4-3. Екипата на УНИКА успеа да дојде до израмнување на резултатот што ја направи оваа завршница вистинска драма. Во ваквата драматична завршница Станковиќ стрелаше за Окта и буквално во последната минута од натпреварот стрелаше за победа од 4-5