Во електричното дерби МЕПСО поуспешен од ЕЛЕМ

МЕПСО 6-2(1-1) ЕЛЕМ

МЕПСО: Александар Јоксимовски 7′ 31′ Александар Боцевски 33′ 33′ 37′ Диме Рошковски 39′
ЕЛЕМ: Златко Станковски 11′ Ивица Апостоловски 22′

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на МЕПСО и ЕЛЕМ, прва до водство дојде екипата на МЕПСО во 7та минута со голот на Јоксимовски. По оваа негатива екипата на ЕЛЕМ тргна пожестоко во нападот и успеа да створи неколку шанси за израмнување, а голот стигна во 11та минута. До крајот на полувремето двете екипи имаа свој период на добра игра и шанси да го превземат водството но и голманите беа одлични во ова полувреме па мрежите останаа мирни и на полувремето се замина со израмнет резултат од 1-1. На стартот од второто полувреме екипата на ЕЛЕМ постигна погодок и го превзема водството, оваа негатива ја разбуди екипата на МЕПСО која во последните 10 минути од натпреварот преку расположениот Боцевски кој успеа да постигне хет трик се стекна со високо водство од 5-2. До крајот на натпреварот екипата на ЕЛЕМ со сите сили се обидуваше да фати резултатски приклучок но екипата на МЕПСО одлично ја постави одбраната и не дозволи изненадување. Екипата на МЕПСО го доби овој натпревар со 6-2.