Во ефикасен натпревар екипата на DHL славеше над Окта

Окта 6-8(4-5) DHL

Окта: Иван Димитриевски 24’ Тино Трајковски 4’ 11’ 17’ Александар Јовчевски 8’ Бојан Станковиќ 25’
DHL: Драган Златановски 5’ Филип Јовановски 40’ Вања Груевски 11’ 33’ Мартин Каревски 10’ 13’ Бранислав Кралевски 18’ 25’

Во динамичен и отворен натпревар силите ги одмерија екипите на Окта и DHL двете екипи во овој натпревар влегоа полни со елан и желба за победа. Екипите во ова полувреме играа отворен и офанзивен фудбал, прва до водство дојде екипата на Окта со погодокот на Трајковски во 4та минута по што следеше одговор на спротивната страна во 5та минута од Златановски. Во ова прво полувреме екипите со одлични погодоци реализираа и се менуваа во водството. Ниту една од екипите немаше сили резултатски да се одвои, екипата на DHL на полувремето замина со минимална предност од 4-5. Во второто полувреме се продолжи со израмнета игра со многу погодоци, екипата на Окта во неколку наврати успеа да дојде до израмнување но DHL повторно успеваше да реализира и да одржува позитива од еден гол. Во финишот од натпреварот екипата на Окта силно притисна кон голот на DHL но не успеа да израмни што DHL го казни за зголемување на водството и победа со 6-8.