Во инфаркт завршница Окта и Гранит ги поделија бодовите

Окта 2-2(2-1) Гранит

Окта: Иван Димитриевски 20’ Живко Котевски 18’
Гранит: Николче Глигуровски 2’ Мартин Ристовски 27’

Цврсто прво полувреме одиграа екипите на Окта и Гранит, двете екипи во овој натпревар влегоа претпазливи со акцент ставен на играта во одбраната. Екипата на Гранит прва го отвори резултатот со погодокот на Глигуровски и поведе со 0-1, ова ја примора екипата на Окта да притисне во предно поле и со офанзивна игра да бара ситуација за израмнување на резултатот. Во финишот од полувремето екипата на Окта конечно успеа да ја скрши одбраната на Гранит и со два погодоци на Котевски и Димитриевски да дојде до целосен резултатски пресврт од 2-1 резултат со кој се замина на полуремето. Во второто полувреме се продолжи во висок ритам на игра, и двете екипи играа на ивица на фаул со целосно контролиран напад екипата на Гранит преку Ристовски израмни на 2-2. Се играше крајно израмнето ниту една од екипите на успеа да направи изчекор како резултатски би се одвоиле. Ваквата игра продолжи се до самиот финиш од натпреварот кога и двете екипи се обидуваа да го свртат резултатот во своја полза. Но на двете екипи ова не им успеа да на крајот во инфаркт завршница ги поделија бодовите.