Во исклучително неизвесен натпревар ЕЛЕМ и ЈП Водовод ги поделија бодовите

ЕЛЕМ 2-2(1-1) ЈП Водовод

ЕЛЕМ: Пеце Соклески 10’ Влатко Петровски 22’
ЈП Водовод: Стојанче Ивановски 9’ Блерим Сали 26’

Динамично прво полувреме ни прикажаа екипите на ЕЛЕМ и ЈП Водовод, тие во овој натпревар влего со офанзивна игра и од самиот почеток шанси за погодок се редеа на двете страни. Екипата на ЈП Водовод го отвори резултатот во 9та минута преку одличниот погодок на Ивановски, но веќе во следниот напад екипата на ЕЛЕМ успеа да израмни преку Соклевски за повторна неизвесност и резултат од 1-1. До крајот на полувремето двете екипи имаа одлични шанси но голманите беа на ниво на задачата па мрежите мируваа, на паузата се замина со 1-1. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ беше таа која ја превземе иницијативата па во 22ра минута успеаа да дојдат до предност од 2-1. Екипата на ЈП Водовод имаше брз одговор и во 26та минута успеаа преку Сали успеа повторно да дојдат до израмнување и да го направат финишот од овој натпревар многу неизвесен. Во ваквата неизвесна завршница екипите не успеаа да реализираат па крај ги поделија бодовите.