Во натпревар полн со пресврти Гранит поуспешни од ЕВН

ЕВН 6-7(4-3) Гранит

ЕВН: Бојан Симоновски 16’ Дарко Стоилевски 13’ 15’ 30’ Вилијам Митев 20’ 29’
Гранит: Аце Димитровски 3’ 28’ Николче Глигуровски 12’ 23’ Дарко Петров 11’ 26’ 31’

Одлично прво полувреме одиграа екипите на ЕВН и Гранит, екипата на Гранит беше таа која го отвори резултатот од раната фаза на полувремето уште во 3та минута. По ова рано водство продолжија со вршење притисок во предно поле што им донесе одлични шанси и погодоци за до 12та минута да стекнат солидна предност од 0-3. Екипата на ЕВН ги консолидира своите редови ја зацврсти својоата одбрана и преку брзи контра напади ја стопи предноста на Гранит и дојде до израмнување на 3-3. До крајот на полувремето екипата на ЕВН успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и предност од 4-3 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме двете екипи се менуваа во водството и се играше израмнет фудбал. Во ваквата цврста игра екипата на Гранит дојде до водство од 6-7 и завршницата на овој натпревар ја направи вистинска драма. Во ваквата драматична завршница иако екипата на ЕВН се обидуваше да дојде израмнување не успеа во тоа па Гранит ги однесе бодовите со резултат од 6-7