Во натпревар полн со пресврт Bestway Solutions славеше над DHL

Bestway Solutions 10-6(2-3) DHL

Bestway Solutions: Марко Неделковски 19’ 22’ 25’ 34’ 39’ Петар Стефановски 7’ 21’ 24’ Филип Зоксимовски 36’ Андреј Ацевски 35’
DHL: Далибор Дамјановиќ 9’ Вања Груевски 5’ 28’ Мартин Каровски 4’ 33’ Бранислав Кралевски 30’

Одлично прво полувреме ни прикажаа екипите на Bestway Solutions и DHL, двете екипи во овој натпревар влегоа со цврста и офанзивна игра. Екипата на DHL имаше одлично отварање на овој натпревар со два погодоци во раната фаза од полувремето успеа да дојде до предност од 0-2. По ова рано водство на DHL екипата на Bestway Solutions ги консолидира своите редови и со подигнување на темпото на игра успеа резултатски да се врати во натпреварот. Сепак до крајо на полувремето екипата на DHL успеа да сочува гол разлика па на паузата да замине со позитива од 2-3. На самиот старт на второто полувреме екипата на Bestway Solutions преку одличниот погодок на Стефановски успеа да дојде до израмнување на резултатот 3-3, а потоа со целосен резултатски пресврт и да стекне солидна резултатска предност од 6-3. Екипата на DHL успеа со цврста игра во одбраната и удари од далечина да дојде до израмнување на резултатот на 6-6 и да ја направи завршницата од овој натпревар интересна. Во ваквата завршница одлично профункционира нападот на Bestway Solutions а потфрли одбраната на DHL, па Bestway Solutions на крајот славеше со 10-6.