Во нафташкото дерби Лукоил славеше над Макпетрол

Во нафташкото дерби Лукоил славеше над Макпетрол

Макпетрол 1-5(0-2) Лукоил

Макпетрол: Никола Секуловски 35’
Лукоил: Горан Стојанов 10’ Иван Стојчев 4’ Петар Лефков 22’ 34’ 38’

Нафташкото дерби помеѓу екипите на Макпетрол и Лукоил започна со мошне мотивирано и на двете страни и двете екипи беа мотивирани и во овој натпревар влегоа целосно фокусирани да го дадат својот максимум. Во првото полувреме екипата на Лукоил преку агресивна игра во одбраната овозможи брзи контра напади преку кои успеа да дојде до водство. До 0-1 дојде во раната фаза од полувремето 4та минута со погодокот на Иван Стојчевски на кој му се придружи и Горан Стојанов во 10та минута за предност од 0-2. Екипата на Макпетрол не успеа да реализира пенал и неколку 100% шанси за гол, па Лукоил на полувремето замина со предност од 0-2. Во второто полувреме и двете екипи продолжија во ист ритам. Екипата на Макпетрол имаше пех во дуел игра се повредија двајца клучни играчи и истите не можеа да го продолжат натпреварот. Во вака скратен состав екипата на Лукоил го засили темпото и ја искористи кратката клупа на Макпетрол за зголемување на водството преку три погодоци на Петар Лефков и со тоа дојде до предност од 0-4. Екипата на Макпетрол со краткиот ростер успеа да постигне само еден гол за да на крајот Лукоил слави со 1-5.