Во неизвесна завршница ЕЛЕМ подобри од Ван Хоол

ЕЛЕМ 6-4(4-1) Ван Хоол

ЕЛЕМ: Влатко Петровски 5’ Роберт Здравковски 2’ 40’ Пеце Соклевски 13, Александар Аврамовски 15’ Илир Алмазовски 36’
Ван Хоол: Даниел Стаменковски 29’ Ненад Саздовски 26’ 30’ Никодиновски 19’

Одличен старт за екипата на ЕЛЕМ во дуелот со Ван Хоол тие уште во втората минута од полувремето преку Здравковски успеаа да дојдат до предност од 1-0. Екипата на Ван Хоол по оваа негатива притисна кон голот на ЕЛЕМ но тоа ја остави ранлива во одбраната што ЕЛЕМ го искористи за зголемување на водството на 2-0. До крајот на полувремето екипата на ЕЛЕМ имаше повеќе од играта па на паузата замина со солидна предност од 4-1. Во второто полувреме екипата на Ван Хоол го подигна темпото на игра и од минута во минута ја топеше предноста која ја имаше ЕЛЕМ за до 30та минута да дојде до израмнување на 4-4 што го направи финишот на овој натпревар многу интересен. До крајот на натпреварот двете екипи имаа одлични шанси но екипата на ЕЛЕМ имаше подобра завршница па го доби овој натпревар со 6-4.