Во неизвесна завршница ЈСП до победа над Фабрика Карпош – ГИМ

ЈСП 6-5(4-2) Фабрика Карпош – ГИМ

ЈСП:Љупчо Павловски 6′ Даниел Антовски 9′ 13′ 31′ Сабит Хусеини 15′ Дејан Блажевски 38′
Фабрика Карпош – ГИМ: Ѓорѓи Божиков 4′ 25′ Александар Божиков 16′ Кристијан Панев 34′ Бејан Моукоч 40′

Интересно прво полувреме одиграа екипите на ЈСП и Фабрика Карпош – ГИМ, прва во водство дојде екипата на Фабрика Карпош уште во 4та минута. Екипата на ЈСП брзо одговори на ова водство во 6та минута и успеа да го израмни резултатот. По ова израмнување екипата на ЈСП доби дополнителен мотив успеа да направи целосен пресврт, а во 14та минута да стекне солидна предност од 4-1. Во 16та минута екипата на ЈСП направи грешка во одбраната по што беше досуден пенал кој Божиков го реализира за резултат од 4-2 со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Фабрика Карпош започна со поагресивна игра и вршеше постојан притисок кон противничкиот гол, тоа вроди со плод кон средината на полувремето кога успеаа резултатски да се вратат во игра и да го внесат овој натпревар во неизвесна завршница. Сепак екипата на ЈСП одлично ја имаше поставено својата одбрана и успеа да ја казни напаѓачката игра на Фабрика Карпош и да го добие овој натпревар со 6-5.