Во отворен фудбал А1 подобри од ЈП Дрисла

ЈП Дрисла 6-10(2-4) А1

ЈП Дрисла: Бесник Шакири 11’ 22’ Ридван Демири 27’ 38’ Аце Петровски 2’ 29’
А1: Мартин Ангеловски 11’ 20’ 23’ Јовица Наумовски 19’ 32’ Иле Никодиноски 18’ 24’ 33’ Бојан Волчевски 21’ 23’

Интересен натпревар ни прикажаа екипите на ЈП Дрисла и А1, во првото полувреме од натпреварот двете екипи прикажаа рамноправност на теренот. Екипата на ЈП Дрисла во 2та минута од натпреварот го отвори резултатот и поведе со 1-0, но екипата на А1 веднаш успеа да дојде до израмнување. Екипата на ЈП Дрисла во 11та минута од полувремето успеа повторно да дојде до водство од 2-1, што ја примора екипата на А1 да го подигне темпото на игра и со три одлични погодоци да дојде до пресврт од 2-4 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на А1 беше таа која ја превзема иницијативата и од минута во минута го зголемуваше своето водство, екипата на ЈП Дрисла во неколку наврати направи серија од погодоци и да ја намали резултатската разлика. До крајот на натпреварот екипата на А1 покажа повеќе на теренот и го доби овој дуел високи 6-10.