Во отворен фудбал Лукоил подобри од ЕЛЕМ

ELEM 7-10(5-4) Лукоил

ЕЛЕМ: Николче Јовановски 3” 23”, Владе Јанакиевски 10”, Тихо Груевски 12” 12” 20”, Илир Елмазовски 40”
Лукоил: Горан Стојанов 1” 39”, Иван Стојчев 5” 29” 34”, Лоренцо Николоски 11”, Петар Лефков 17” 24” 36” 40”

Експлозивно прво полувреме одиграа екипите на ЕЛЕМ и Лукоил. Овој вистински дерби натпревар го отвори екипата на Лукоил буквално во првата минута преку Стојанов за водство од 0-1. И двете екипи видно поставија акцент на играта во предно поле, и во таквата игра, за неполни две минути Јовановски 3” кај ЕЛЕМ израмни на 1-1. Брзите и прецизни акции овозможуваа чести шутеви упатени кон противничкиот гол, па така Стојчев 5” повторно ја донесе екипата на Лукоил во предност од 1-2. Со ваквата отворена игра и двете екипи напоредно се менуваа во водството и прикажаа одлична игра и прекрасни погодоци. До крајот на полувремето екипата на ЕЛЕМ имаше минимална предност од 5-4.
Во второто полувреме се продолжи со отворена игра. Екипата на Лукоил притисна кон голот на противникот и успеа да дојде до израмнување, а потоа и до целосен пресврт. Ова ја примора екипата на ЕЛЕМ во завршната фаза од натпреварот да внесе голман-играч, и со тоа да се обиде да му парира на противникот. Сепак ова го искористи екипата на Лукоил и секоја грешка во одбраната на ЕЛЕМ ја преточи во гол, за победа на овој натпревар од 7-10.