Во ферплеј натпревар Ван Хоол ја совлада НЛБ Банка

НЛБ Банка 2-11(0-6) Ван Хоол

НЛБ Банка: Љубиша Шурлановиќ 28” 35”
Ван Хоол: Димче Андов 1” 3” 29” 40”, Филип Никодиновски 2”, Пеце Даилоски 7” 19” 21”, Гоце Андев 20”, стефан Станојковиќ 31” 32” 35”

Екипата на Ван Хоол со максимално сериозен пристап влезе во дуелот со НЛБ Банка. Ван Хоол во првите четири минути успеа да постигне четири гола и да го наметне својот препознатлив ритам. Екипата на НЛБ Банка по лошиот старт ја смени играта во делот на одбраната каде што заигра по агресивно затварајќи ги приодите кон сопствениот гол. Ван Хоол беше настојчив и дури во финишот ја искористи деконцентрацијата во одбраната на НЛБ Банка па со два гола стигна до водство од 6-0, резултат со кој се замина на полувремето.
Играта која беше наметната во првото полувреме од страна на Ван Хоол се преслика и во вториот период. Ван Хоол играше концентрирано со одлична реализација не давајќи и простор на НЛБ Банка резултатски да се приближи. НЛБ Банка со чести измени се обидуваше да се врати во натпреварот но Ван Хоол не дозволи изненадување па на крајот славеше со 2-11.