Во фер-плеј натпревар Окта подобри од Bestway Solutions

Bestway Solutions 5-6(1-2) Окта

Bestway Solutions: Марко Неделковски 32’ 39’ Филип Зоксимовски 28’ Андреј Ацевски 31’ Дамјан Алексовски 18’
Окта: Тино Трајковски 32’ Александар Јовчевски 26’ Наум Костовски 28’ Бојан Станковиќ 5’ 7’25’

Во фер-плеј и коректна игра екипите на Bestway Solutions и Окта го започнаа овој натпревар, се играше атрактивен фудбал и на двете страни. И двете екипи играа долги напади кои беа спроследени со брзи додавања и изработени шанси за гол. Екипата на Окта во своите редови го имаше расположениот Станковиќ кој со два гола во низа 5та и 7та минута и донесе водство на својата екипа од 0-2, Bestway Solutions беше упорен во намерата ја намали предноста на Окта и тоа им појде од рака во завршницата од полувремето кога во 18та минута преку Алексовски успеаа да намалат на 1-2. Во второто полувреме и на двете страни се играше отворен фудбал екипата на Окта во ваквата поставеност успеа да стигне до предност од 1-4, но Bestway Solutions со смирена игра намали на 4-2 и покажа дека може да се врати во овој натпревар. Во понатамошниот дел од натреварот екипата на Bestway Solutions се обидуваше да ја стигне гол разликата која ја стекна Окта по што во самиот финиш се влезе во целосно неизвесен натпревар. Екипата на Окта имаше предност од 5-6 која успеа да ја сочува до самиот крај и со истиот резултат го доби овој натпревар.