Во цврст натпревар Аџибадем Систина славеше над А1

А1 1-6(1-2) Аџибадем Систина

А1: Мартин Ангеловски 12’
Аџибадем Систина: Диме Стефковски 4’ Никола Трајковски 16’ Кристијан Димковски 27’ 40’ Дамјан Јовчевски 38’ 40

Екипите на А1 и Аџибадем Систина во овој натпревар влегоа мошне сконцентрирани со акцент на играта во одбраната. Во тектот на целото прво полувреме и на двете страни се играше цврста одбрана со која не се дозволуваше лесен продор кон противничкиот гол. Иако во раната фаза на натпреварот Аџибадем Систина преку Стевковски поведе екипата на А1 не дозволи да се разниша нивната одбрана па успеа целосно да го контролира првото полувреме. Во средината на полувремето Ангелковски по изведеување на пенал израмни на 1-1 во 12та минута. во самиот финиш во 16та минута Трајковски од Аџибадем Систина успеа да постигне гол од контра напад па Систина на полувремето замина со 1-2. Во второто полувреме екипата на А1 заигра поофанзивно, внесе голман играч во своите редови како би можела да ја надокнади негативата од првото полувреме. Во ваквата игра Димковски од Аџибадем Систина успеа да искористи грешка во одбраната на А1 и во 27та минута да и донесе предност на Систина од 1-3.До крајот на натпреварот екипата на Аџибадем Систина успеа да зголеми предноста еден погодок на Димовски и два погодоци на Јовчевски кој стави точка на овој натпревар кој Систина го доби со 1-6