Во цврст натпревар Гранит подобри од Џонсон Мети

Џонсон Мети 2-5(0-1) Гранит

Џонсон Мети: Никола Николовски 25’ 33’
Гранит: Ненад Антовски 39’ Мартин Ристовски 5’ 24’ 32’ 40’

Во првото полувреме екипите на Џонсон Мети и Гранит ни прикажаа израмнета игра со фокус ставен на одбраната. Двете екипи својата шанса ја бараа преку брзи контра напади со цел да го изненадат противникот, на двете страни одлично беше поставена одбраната од што и малиот број на погодоци во првото полувреме. Екипата на Гранит успеа во 5та минута да го изненади голманот на Џонсон Мети и да поведе со 0-1, по ова водство на Гранит екипата на Џонсон Мети во игра внесе голман играч со цел резултатски да се врати но до полувремето екипата на Гранит го издржа притисокот и на паузата замина со предноста од 5тата минута. Во второто полувреме екипата на Гранит го подигна нивото на игра и ја зголеми предноста на 0-2, кратко по ова екипата на Џонсон Мети го намали резултатот на 1-2. Сепак во ова второ полувреме екипата на Гранит ја имаше котролата над топката и со расположениот Ристовски кој постигна 4 погодоци дојде до победа од 2-5.