Во цврст натпревар ЕЛЕМ и Фабрика Карпош – ГИМ одиграа реми

ЕЛЕМ 2-2(2-1) Фабрика Карпош – ГИМ

ЕЛЕМ: Аврамовски Александар 6’ Влатко Петровски 15’
Фабрика Карпош – ГИМ: Бојан Голабовски 20’ 23’

Цврсто прво полувреме прикажаа екипите на ЕЛЕМ и Фабрика Карпош – ГИМ, двете екипи во овој дуел влегоа со силна желба за победа. Екипите играа цврст и отворен фудбал со многу додавања и игра на средината од терено, а со брзи и точни додавања се обидуваа да дојдат до поволна шанса за погодок. Сепак во овој дуел одбраните беа на ниво на задачата и не дозволуваа лесен погодок на противникот. Екипата на ЕЛЕМ успеа со одличен погодок на Аврамовски да дојде до минимална предност од еден погодок, по што доби дополнителен мотив и со офанзивна игра го зголеми водството на 2-0. Сепак до крајот на полувремето екипата на Фабрика Карпош – ГИМ успеа да намали на 2-1 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Фабрика Карпош – ГИМ успеа да ја пронајде својата игра и да дојде до израмнување од 2-2, што го направи остатокот од овој натпревар неизвесен. Девете екипи имаа одлични шанси но слаба реализација па на крајот екипите ги поделија бодовите.