Во цврст натпревар Матрикс славеше над ЕВН

Матрикс 5-3(3-1) ЕВН

Матрикс: Давид Ристовски 13’ 17’ Тони Брњарчевски 19’ 33’ 34’
ЕВН: Дарко Стоилевски 4’ Вилијам Митев 37’ 40’

Четиринаесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на Матрикс и ЕВН, двете екипи во овој натпревар влегоа со цврста и офанзивна игра. Екипата на ЕВН во 4та минута од полувремето успеа да го отвори резултатот со погодок на Стоилевски. По оваа негатива екипата на Матрикс го подигна темпото на игра и притисна кон голот на противникот, но екипата на ЕВН ја зацврсти одбраната и го затвори пристапот до својот гол. Сепак екипата на Матрикс успеа да ја најде пукнатината во одбраната на ЕВН и до крајот на полувремето да дојде до целосен резултатски пресврт и водство од 3-1 на полувремето. Во второто полувреме екипата на ЕВН се обиде со гоман играч да створи вишок во нападот, сепак ваквата отворена игра ја искористи Матрикс за дупките во одбраната на ЕВН да ги претвори во гол и го зголеми своето водство на 5-1. Во финишот од полувремето екипата на ЕВН успеа да намали но немаше доволно сили за да ја стопи предноста на Матрикс кои победија во овој дуел со 5-3.