Гранит со пресврт во финишот до победа над Уни Банка

Гранит 8-3(1-2) Уни Банка

Гранит: Пепи МИцев 39’ Николче Глигуровски 36’ 40’ Дарко Петров 34’39’ Mартин Фотевски 15’ 35’ 38’
Уни Банка: Јордан Ќирковиќ 7’ 18’ 35’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Гранит и Уни Банка, двете екипи мотивирано влегоа во овој натпревар. Екипата на Уни Банка го отвори резултатот во 7та минута преку голот на Ќирковиќ и поведе со 0-1, по оваа негатива екипата на Гранит притисна кон голот на Уни Банка и во 15та минута успеа да дојде до израмнување преку Фотевски. До крајот на полувремето двете екипи имаа неколку одлични шанси, но екипата на Уни Банка успеа да искористи греша во одбраната на Гранит и да замине на полувремето со предност од 1-2. Во второто полувреме екипата на Гранит го подигна темпото на игра и успеа во второто полувреме да дојде до резултатски пресврт. А во винишот од натпреварот и резултатски да се одвои, екипата на Уни Банка имаше кратка клупа и не можеше да го издржи темпото кое го наметна екипата на Гранит па го загуби овој натпревар со 8-3.