Гранит со пресврт до победа над ЈСП

Гранит 7-4(2-4) ЈСП

Гранит: Дарко Петров 6’ 19’ 29’ 36’ 38’ Димитар Илиевски 37’ Мартин Ќушковски 24’
ЈСП: Гоце Крстевски 2’ Љупчо Павловски 5’ Владимир Шмичковски 4’ Филип Димовски 8’

Одличен почеток за екипата на ЈСП во дуелот со Гранит, уште на самиот старт на полувремето екипата на ЈСП наметна високо темпо на игра што им донесе погодок и отварање на резултатот во 2та минута. Ваквата игра на ЈСП им донесе уште два погодоци во раната фаза на полувремето и предност од 0-3. Екипата на Гранит успеа искористи пропуст во одбраната на ЈСП и да го намали резултатот на 1-3, но екипата на ЈСП денеска беше голгетерски расположена пана полувремето замина со предност од 2 гола со резултат од 2-4. Во второто полувреме екипата на Гранит ги консолидира своите редови и промени во тактиката успеа да најде против игра за екипата на ЈСП ова им донесе два погодоци и израмнување на резултатот на 4-4. Ова ја направи завршницата на овој натпревар вистинска драма. Во ваквата завршница екипата на Гранит успеа да направи целосен резултатски пресврт и со три погодоци во низа да створи предност од три погодоци за победа од 7-4.