Гранит со тимска игра до сигурна победа над Спорт Лајф

Спорт Лајф 5-13(1-4) Гранит

Спорт Лајф: Валерија Ваљак 26’ 29’ Филип Драскачев 32’ Христијан Ристовски 5’ 40’
Гранит: Николче Глигуровски 6’ 9’ 36’ Дарко Петров 24’ 26’ 28’ 34’ Мартин Фотевски 16’ 19’ Ненад Антовски 39’ 40’ Виктор Јончевски 22’ 23’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Спорт Лајф и Гранит двете екипи овој натпревар го започнаа со отворена игра. Екипата на Спорт Лајф на самиот старт од полувремето успеа да поведе со 1-0, ова ја примора екипата на Гранит да започне со нешто поофанзивна игра што им донесе израмнување во 6та минута и зелосен резултатски пресврт во 9та минута од полувремето. До крајот на полувремето екипата на Спорт Лајф се обидуваше со пресинг игра да дојде до израмнување но Гранит ја имаше контролата врз топката и резултатот па на паузата замина со предност од 1-4. Во второто полувреме екипата на Спорт Лајф имаше одлична серија на погодоци и успеа резултатски да се доближи. Екипата на Гранит продолжи со одлична тимска игра што повторно им донесе резултатска предност. До крајот на натпреварот екипата на Спорт Лајф играше офанзивно бркајчи го резултатот, а Гранит ја искористи оваа отворена игра на Спорт Лајф за преку брзи контра напади да дојде до сигурна победа од 5-13.