Гранит убедлив во дуелот со Искрател Груп

Гранит 11-2(5-1) Искрател Груп

Гранит: Стефан Тевдовски 15’ Дарко Петров 21’ 30’ 37’ Сашо Каровски – Џуме 28’ Николче Глигуровски 18’ Пепи Мицев 18’ Марјан Пачарски 11’ 12’ 29’ 31’
Искрател Груп: Дарко Видиниќ 20’ 32’

Четиринаесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на Гранит и Искрател Груп.
Интересно прво полувреме одиграа екипите на Гранит и Искрател Груп, првиот дел од полувремето помина во мирен ритам на игра во кој и двете екипи ги одмеруваа силите и беа претпазливи особено во фаза на одбрана. Но како одминуваше времето екипата на Гранит ја превзеде иницијативата и се префрли на противничко поле вршејќи силен притисок кон голот на Искрател Груп што резултираше со погодоци и висока предност на полувремето од 5-1. Во вториот дел екипата на Искрател груп со сите сили се обидуваше да фати резултатски приклучок но екипата на Гранит со одлична игра во фаза на одбрана и напад не дозволи инзненадување и го доби овој натпревар со убедливи 11-2.