Двоецот Стојановски-Петковски со 8 гола на кормилото на Атлантик Груп во победата над LC Waikiki

LC Waikiki 2-12(0-6) Атлантик Груп

Атлантик Груп: Далибор Тасевски 8” 32”, Њупчо Пафковиќ 21” 23”, Бралоче Стојановски 10” 15” 26” 40” Бојан Петковски 6” 16” 20” 24”
LC Waikiki: Ергин Алими 34”, Мустафа Мустафа 38”

Во ферплеј натпревар започна дуелот помеѓу екипите на LC Waikiki и Атлантик Груп. На двете страни се играше отворен фудбал со целосен акцент а на играта во нападот. Во текот на целиот натпревар екипата на Атлантик Груп ја имаше иницијативата, пред се во делот на нападот, каде што со колективна игра и одлична реализација во нападот успеа да го изненади LC Waikiki. Екипата на LC Waikiki се обидуваше да најде против игра за вечерва расположенито Атлантик Груп но тоа не им поаѓаше од рака. Екипата на Атлантик Груп имаше своја вечер и под водство на двоецот Стојановски-Петковски кои вкупно постигнаа 8 гола успеа да стигне до победа од 12-2.