Димковски со гол од контра напад и донесе победа на Аџибадем Систина во дуелот со НЛБ Банка

Аџибадем Систина 1-0(0-0) НЛБ Банка

Аџибадем Систина: Кристијан Димковски 36’

Цврсто и израмнето прво полувреме одиграа екипите на Аџибадем Систина и НЛБ Банка, двете екипи во ова полувреме влегоа со цврста игра и акцент ставен на играта во одбраната. Екипите својата шанса ја бараа бреку брз контра напад да ја изненадат противничката одбрана. Двете екипи со чести ротации го одржуваа високото темпо на игра и се закануваа кон противничките голмани кои ова полувреме беа на ниво на задачата и успеаа да ги сочуваат своите мрежи па на паузата се замина со 0-0. Во второто полувреме се продолжи во ист ритам и на двете страни се играше цврста одбрана па двете екипи тешко доаѓаа до отворен шут кон противничкиот гол. Во ваквата игра голманите ја имаа кличната улога секогаш беа на вистинското место и на ниво на задачата, па од тука и резултатот 0-0 во финишот од натпреварот. Во самиот финиш од натпреварот преку контра напад екипата на Аџибадем Систина во реализација на Димковски успеа да постигне гол за водство од 1-0. Екипата на НЛБ Банка се обиде да возврати но времето беше сојузник на екипата на Систина која успеа да го добие овој натпревар со 1-0.