Димовски во последните секунди со гол му донесе победа на ЈСП над Леар

Леар 2-3(0-1) ЈСП
Леар: Робертино Златевски 25’ 33’
ЈСП: Филип Колеќески 11’ Лупчо Павловиќ 28’ Филип Димовски 40’

Екипите на Леар и ЈСП го отворија првиот натпревар од групата Б. Екипата на ЈСП во средината на првото полувреме, во 11’ преку Колеќески од контра напад успеа да дојде до водство од 0-1. Екипата на Леар се обидуваше да ја анулира оваа предност во текот на целото прво полувреме со притисок во предно поле и напади кон противничкеио гол. Искуството на ЈСП не го дозволи тоа па со долги напади успеваа да ја смират играта и да не му дозволат на Леар да го израмни резултатот. На полувремето се отиде со предност на ЈСП од 0-1. Во второто полувреме кај Леар проработе Златевски кој со 2 гола 25’, 33’ успеа да направи целосен пресврт и да му донесе водство на Леар од 2-1. Во тој момент ЈСП целосно се префрли во предно поле и се обидуваше преку долг и контролиран напад да го израмни резултатот. Тоа им појде од рака во 38’ минута кога преку Павловиќ успеаа да израмнат на 2-2. Во самиот финиш од натпреварот, буквано во последните секунди, Димовски во 40’ постигна гол за победа на ЈСП над Леар со 3-2.