Драган Стојанов – Прогноза за дербито Лукоил и Матрикс

Драган Стојанов (ЕВН):

Вечерашното дерби од Бизнис лигата меѓу екипите на Лукоил и Матрикс мислам дека ќе гледаме цврст натпревар бидејќи и едните и другите се одлично физички и тактички подготвени. И во едната и во другата екипа има одлични поединци но ќе одлучуваат нијанси, можеби и некој индивидуален потег. Типувам дека вечерва нема да има победник.