Дуото Алексов – Трпковски и донесоа 3 бода на Пивара Скопје во дуелот со Bestway Solutions

Пивара Скопје 4-2(2-1) Bestway Solutions

Пивара Скопје: Влатко Трпковски 17’ 33’ Александар Алексов 11’ 32’
Bestway Solutions: Никола Игњатовски 8’ Филип Зоксимовски 35’

Натпреварот помеѓу Пивара Скопје и Bestway Solutions започна со помирно темпо на игра во кое екипите по зимската пауза полека ги одмеруваа силите. Како одминуваа минутите темпото на игра се подигнуваше, екипата на Bestway Solutions прва го отвори резултатот по грешка на одбраната на Пивара во 8та минута. По оваа негатива екипата на Пивара Скопје се префрли на страната на противничката екипа и со константен притисок кон голот на Bestway успеа да дојде до израмнување во 11та минута. До крајот на полувремето иако двете екипи имаа одлични шанси екипата на Пивара Скопје имаше подобра реализација па на паузата замина со минимална предност со 2-1. Во второто полувреме екипите започнаа со нешто поагресивна игра и акцент ставен на нападот, кај двете екипи бројот на шанси од минута во минута се зголемуваа но голманите беа на ниво на задачата па мрежите мируваа. Во финишот на полувремето екипата на Пивара Скопје со два погодоци на Алексов и Трпковски успеа да дојде до предност од 4-1, екипата на Bestway Solutions успеа да ја намали разликата на 4-2 , но времето беше сојузник на екипата на Пивара која славеше во овој дуел. Крај 4-2