Дуото Котевски-Димитриевски ја водеа Окта до победа над ЈСП

Окта 7-3(2-0) ЈСП

Окта: Дарко Бојковски 8”, Иван Димитриевски 10” 37”, Живко Котевски 29” 32”, Владислав Илиќ 35”, Бојан Станкович 40”
ЈСП: Васко Мирчевски 24’, Дарко Патров 27” 40”

Дуелот помеѓу екипите на Окта и ЈСП го отвори екипата на Окта во 8” преку Бојковски, на кој по не цела минута му се придружи Димитриевски со што му донесе водство на Окта од 2-0. По груб старт екипата на Окта остана со играч помалце. ЈСП со играч плус во делот на нападот не успеа да го намали водството па на полувремето Окта замина со предност од 2-0.,
Во второто полувреме екипата на ЈСП преку Мирчевски и Патров успеа да го израмни резултатот и целосно да се врати во натпреварот. Окта се фокусираше на својата препознатлива игра пред се во делот на нападот па со одлична реализација успеа да се врати во резултатска позитива. Како времето одминуваше ЈСП имаше се помали шанси да направи резултатски исчекор, па на крајот Окта славеше со 7-3.