Дуото Лефков – Стојанов го водеа Лукоил до победа над Џонсон Мети

Лукоил 11-1(2-1) Џонсон Мети

Лукоил: Горан Стојанов 9’ 35’ 36’ 38’ 40’ Гоце Мојсоски 34’ Петар Лефков 11’ 23’ 25’ 26’ 28’
Џонсон Мети: Љупчо Стојановски 17’

Исклучително израмнето прво полувреме одиграа екипите на Лукоил и Џонсон Мети, се играше доста цврсто како во делот на нападот така и во делот на одбраната. Екипата на Џонсон Мети овој натпревар го играше практично без измена и со ваков ростер одлично поставена во текот на целото прво полувреме. Екипата на Лукоил со чести измени одржуваше висок ритам па на полувремето успеа да замине со минимална предност од 2-1. Во второто полувреме уште на самиот старт екипата на Џонсон Мети беше воочлив уморот и недостатокот на кондиција, екипата на Лукоил ова го искористи па со брзи контра напади и пресинг по целиот терен успеваше од минута во минута да го зголемува водството. Дуото Лефков Стојанов одлично одиграа во делот на нападот каде што со максимална реализација успеаа да донесат победа на Лукоил од високи 11-1