Дуото Неделковски-Стефановски со пресврт му донесе победа на Bestway Solutions над Аџибадем Систина

Аџибадем Систина 3-5(3-0) Bestway Solutions

Аџибадем Систина: Влатко Јовановски 4” 7”, Дамјан Јофчевски 11”,
Bestway Solutions: Марко Стефановски 23” 28”, Марко Неделковски 29”, 32”, 39”

Екипата на Аџибадем Систина дуелот so Bestway Solutions го започна во отоврен фудбал играјќи контролиран напад, користејќи го својот голман како голман-играч во предно поле. Со ваквата игра токму Стојановски, голманот на Аџибадем систина, во 7та минута искористи прилика која ја претвори во погодок за водство од 1-0 за екипата на Аџи бадем систина. По само 3 минути, повторно расположениот Стојановски 7” успеа да го повтори истото за водство на Аџибадем систина од 2-0. Екипата на Bestway Solutions се обиде да изврши поголем притисок во предно поле но при грешка во додавање, Јофчевски 11” од Аџибадем Систина успеа да ја пресече топката и со тоа постигна гол за водство на Азибадем Систина од 3-0, резултат со кој се отиде на полувремето.
Второто полувреме екипата на Bestway Solutions целосно ја смени тактиката и влезе во натрпеварот мошне мотивирано со целосен фокус на играта во нападот. Во ваквата игра кај Bestway Solutions проработе дуото Неделковски-Стефановски кои имаа своја вечер и не само што успеаа да стигнат до израмнување туку направија и целосен пресврт. Екипата на Азибадем Систина се обидуваше да го фати ритамот од првото полувреме но Bestway Solutions не дозволи изненадување и со сигурна игра пред се во делот на нападот успеа да издвојува победа од 3-5.