ЕВН имаше своја вечер во дуелот со ЈП Дрисла

ЕВН 13-2(7-1) ЈП Дрисла

ЕВН: Бојан Симоновски 7’ 25’ 30’ Ајет Новобрдалија 8’ Наум Бадаловски 5’ 20’ 20’ Бојан Тодоровски 2’ 9’ 27’ 31’ 32’ 40’
ЈП Дрисла: Зоран Марковски 40’ Бесник Шакири 10’

Одлично прво полувреме прикажа екипата на ЕВН во дуелот со ЈП Дрисла, тие уште на самиот старт од полувремето притиснаа кон голот на противникот и дојде до водство уште во втората минута. Екипата на ЕВН беше сигурна во својата игра и од минута во минута го зголемуваше своето водство, екипата на ЈП Дрисла не можеше да и парира на денес расположената екипа на ЕВН па до полувремето успеа да реалзира само еден погодок и на полувремето се замина со резултат од 7-1. Во второто полувреме ЕВН продолжи со одлична игра и голман играч во ростерот што се покажа како клучно за овој натпревар. Екипата на ЈП Дрисла немаше своја вечер па го загуби овој натпревар со 13-2.