ЕВН со брзи контра напади до победа над Окта

ЕВН 8-1(3-0) Окта

ЕВН: Дарко Стоилевски 1’ 13’ 36’ 38’ Вилијам Митев 10’ 30’ Бојан Тодоровски 39’ Никола Атанасов 40’
Окта: Александар Јовчевски 31’

Одличен почеток за екипата на ЕВН во дуелот со Окта, тие од самиот почеток притиснаа кон противничкиот гол и со погодокот на Стоилевски го отворија резултатот во првата минута од полувремето. Ова рано водство на екипата на ЕВН ја примора екипата на Окта да настапи со поотворена игра, екипата на ЕВН ја искористи оваа отворена игра на Окта за преку брзи контра напади да дојде до зголемување на водството кое до полувремето изнесуваше 3-0. Во второто полувреме се продолжи во ист ритам екипата на Окта притискаше кон голот на ЕВН но ЕВН имаше поставено зона во одбраната и не дозволуваше противникот да дојде до изгледни шанси за погодок, а преку контри го зголемуваа водството. Екипата на Окта успеа да реализира и да ја намали разликата но ЕВН имаше своја вечер и дојде до сигурна победа од 8-1