ЕВН со отворен фудбал до победа над Спорт Лајф

ЕВН 8-3(3-1) Спорт Лајф

ЕВН: Бојан Симоновски 17’ 22’ Дарко Стоилевски 40’ Вилијам Митев 6’ 36’ Бојан Тодоровски 28’ Никола Атанасов 38’
Спорт Лајф: Стефан Пасковски 16’ Филип Гигов 22’ Филип Драскачев 27’

Крајно тврд натпревар одиграа екипите на ЕВН и Спорт Лајф, во текот на целото прво полувреме и на двете страни се играше агресивно на раб на прекршок. И двете екипи одлично ги затвараа пристапите кон противничкиот гол со што не дозволуваа отворени шутеви кон истиот. Прва до водство дојде екипата на ЕВН во 6та минута преку Новобрдарија на кој по една минута му се приклучи Митев и донесе водство на ЕВн од 2-0. Во втората половина од првото полувреме Пасковски од екипата на Спорт Лајф намали на 2-1, но во самиот финиш Симоновски во 17та минута на екипата на ЕВН и донесе предност од 3-1 со која замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на ЕВН со голман играч направи притисок во предно поле со што доаѓаше со отворени удари кон противничкиот гол. Од минута во минута се зголемуваше водството на екипата на ЕВН кое на крајот изнесуваше 8-3 за победа во овој натпревар.