Екипата на ЕВН убедлива во дуелот со Пекабеско

Пекабеско 2-8(1-3) ЕВН

Пекабеско: Марко Ѓеоргиевски 12′ Мартин Здравевски 32′
ЕВН: Виктор Валканчев 40′ Бојан Симоновски 34′ 38′ Ајет Новобрдарија 5′ 7′ 15′ 36′ Бојан Тодоровски 40′

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Пекабеско и ЕВН, прва до водство дојде екипата на ЕВН во 5та минута, а две минути подоцна со вториот погодок на Новобрдарија зголеми на 2-0. Кон средината на полувремето екипата на Пекабеско успеа да постигне погодок преку Неделковски за намалување на водството, но во ова прво полувреме екипата на ЕВН во своите редови го имаше Новобрдарија кој постигна хет трик и го зголеми водството на 1-3 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Пекабеско со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување, тие се обидоа и со промена на тактиката внесувајќи голман играч со цел да направат вишок во нападот, но таквата отворена игра остави голема празнина во одбраната која екипата на ЕВН вешто ја искористи за зголемување на водството и висока победа од 2-8.