ЕЛЕМ ги искористи грешките во одбранта на ЈСП за победа

ЕЛЕМ 5-1(2-1) ЈСП

ЕЛЕМ: Аврамовски Александар 31’ Влатко Петровски 23’ Тихо Груевски 2’ 18’ 32′
ЈСП: Тихо Фидановски 8’

Интересно прво полувреме ни прикажаа екипите на ЕЛЕМ и ЈСП двете екипи во овој натпревар влегоа со сигурна игра и прецизни подавања а шансата ја чекаа на грешка од противникот. Екипата на ЕЛЕМ го отвори резултатот со погодокот на Груевски уште во раната фаза од полувремето, што ја примора екипата на ЈСП да настапи со поофанзивна игра што вроди со плод во 8та минута за израмнување на 1-1. Екипата на ЈСП вршеше константен притисок кон голот на ЕЛЕМ но сепак екипата на ЕЛЕМ успеа да искористи грешка во одбраната на ЈСП и да дојде до повторно водство за 2-1 резултат со кој се замина на паузата. На стартот на второто полувреме екипата на ЕЛЕМ успеа да постигне гол и да ја зголеми разликата што ја принуди екипата на ЈСП во игра да внесе голман играч со цел резултатски да се врати во овој натпревар. Ова ја остави ранлива во одбраната што ЕЛЕМ вешто го искористи со удари од далечина и лоб погодоци да ја осигура победата со резултат од 5-1