Еуро Табак фуриозно во дуелот со Искрател Груп

Искрател Груп 2-8(0-4) Еуро Табак

Искрател Груп: Ратко Иванов 26′ Никола Велевски 29′
Еуро Табак: Мартин Ливрински 5′ 7′ 23′ 40′ Дејан Младеновски 3′ 18′ 31′ 35′

Одличен старт на екипата на Еуро Табак во дуелот со Искрател Груп со водство од 0-1 уште во 3та минута. По овој брзо постигат погодок екипата на Еуро Табак успеа да постигне уште два погодоци за комотно водство од 0-3 во 7та минута. Екипата на Искрател Груп направи промена во тактиката внесувајќи голман играч и со сите сили се обидуваше да го намали водството, но екипата на Еуро Табак имаше целосна контрола врз играта и резултатот. На паузата се замина со резултат од 0-4. На стартот на второто полувреме екипата на Искрател Груп се префрли во противничко поле вршејќи силен притисок кон голот на Еуро Табак со цел да го намали високото водство од полувремето, но екипата на Еуро Табак одлично ја постави играта во одбраната и преку контра напади успеваше да ја казни отворената игра на Искрател Груп за победа од 2-8